Објавен е тендерот за избор на надзор за третата фаза од пругата кон Бугарија, а за 10 – ина дена треба да биде објавен и тендерот за избор на изведувач со што во тек на летото ќе почнат работите на терен, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пред состанокот за активностите и плановите за проектите на Коридорот 8 што се одржува во соработка со претставници на Делегацијата на Европската унија во Скопје.
Николоски најави дека на состанокот ќе се разговара и за западното железничко крило на Коридорот 8, како и за проектите за изградба на патните делници на овој Коридор кои, потенцираше, се одвиваат добро.
-Изградбата на железничкиот и патниот дел од Коридорт 8 ќе чини 5 милијарди евра. Државата покажува дека може да спроведува големи инфраструктурни проекти, рече Николоски.
Бен Нупнау од Делегацијата на ЕУ посочи дека Коридорот 8 е стратешки проект со придобивки за граѓаните и државите истакнувајќи го неговото безбедносно значење во услови на геополитичка криза.
-Состанокот е потврда за заложбата на Владата за спроведување на проектите од Коридотот 8, посочи Нупнау.




