98 години од погибијата на легендарниот водач на ВМРО Тодор Александров. Стана легенда и во поробена и поделена Македонија, како и во светот уште додека беше жив. Страв и трепет во кралските дворови на Бугарија, Србија и Грција.
Денот го одбележувам со цитат од весникот Чикаго дејли њуз од САД:

“Македонците се обединија околу нивната стара институција ВМРО, која како и секогаш предизвикува сеопшто восхитување. Тодор Александров, сакан и уважуван од целиот народ, го зеде во свои раце раководењето со движењето. Роден е во Македонија, 42 годишен. Тодор Александров го посвети својот живот на македонската кауза уште кога беше на 18 годишна возраст. Тој е учител, човек со нескротлива енергија и строга моралност, народот го вика стариот и го почитува. Војводите и комитите му се предани до крај. Таа предност е објаснението за неуспехот на српските и грчките власти, да му ги откријат скривалиштата и покрај тоа што Србија, за неговата глава таксува 700.000 динари. Тодор Александров се движи низ цела Македонија како апостол, тој ги посетува сите предели еден по друг. Влегува во села и градови ги собира жителите, им говори, ги советува. Тој никогаш не организира мерки за лична заштита, селаните му се предани, сите знаат каде оди и никој не помислува за предавство, напротив, сите жители на Македонија го чуваат на штрек. Александров е опкружен од една сила која не дозволува негово предавање” – Колинз, за весникот Чикаго Дејли Њуз, пишува потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски на својот фејсбук профил.