Владата сака да земе кредит од дури 100 милиони евра од Европската банка за обнова и развој, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата Само Вистина што се емитува на телевизија Канал 5 додавајќи дека ова за партијата е недозволиво.

„Прво самиот процес на задолжување е проблематичен се земаат пари заради неодговорни политики и ќе ги враќаат генерациите понатаму. Второ и уште попроблематично е што Владата доставува закон во Собрание но во него не го доставува клучниот дел кој ќе ви го прочитам кој вели – доколку се подигне овој кредит треба да се потпише договор од кој точка 5.3.3 е деактивирање на постоечката ТЕЦ на јаглен Осломеј и термоелектраната Битола тоа е познатата РЕК Битола и стопирање на активности во овие термоелектрани. ТЕЦ Осломеј да се затвори до крај на 2023 година ТЦ Битола до крај на 2027 година односно“, информираше Николоски.

Тој објасни дека ова е дел од постапката за одобрување на заем односно кредит, а власта ги крие од јавноста, бидејќи во ни еден момент не кажа дека услов за кредитот е Кичево и Ботола да станат пусти градови едниот по 2023, другиот по 2027 година.

„Оттука по 2027 година Македонија практично нема да произведува сопствена електрична енергија и целосно да е увозно зависна и цените кои ги има стопанството да ги имаат сите граѓани, преку 7 илјади лица да останат на улица и веројатно уште стотици кои би останале на улица поради компаниите. Така што она што е значајно дека ги кријат клучните елементи за да земат заем“, кажа Николоски.

Што се однесува до случувањата во Собранието околу изборот на уставни судии, Николоски истакна:

Оваа власт откако е на власт го крши Деловникот и Уставот. Врвот е да се протнат предлозите за уставни судии. Предлозите одат прво на Комисија за избори и именувања и истите не можат да одат на пленарна. Расправата не е завршена за никој од предлозите, сите се под една точка и додека не се заврши расправата за сите кои се под една точка не може да оди на пленарна седница, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на вечерашното гостување во емисијата Само вистина што се емитува на телевизија Канал 5.

Според него доколку продолжат да го кршат Деловникот, законот и Уставот тоа им е карта за во еден правец.

„Ако продолжат вака ова е основа за кривична одговорност за злоупотреба на службена положба и овластувања. Пратеничкиот имунитет не штити за кршење на правните норми, ова важи и за претседателот на Собранието и претседателката на Комисијата, за ова треба да се загрижени за ова се оди во затвор. Тие ја злоупотребуваат службената должност и кривично ќе одговараат“, заклучи Николоски.