СДСМ тука ја има и локалната и централната власт, но скоро ништо и да не испорача. Големи ветувања имаше пред четири години Стефан Богоев кој што е сега градоначалник, но од тоа не реализира ништо, изјави од Карпош потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Во продолжение интеграален текст од изјавата на Николоски:

Денеска сме во посета на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Карпош и општина Карпош во рамки на редовните активности кои што ВМРО-ДПМНЕ ги има за посета на општините низ цела држава.

Денеска сакаме да разговараме со луѓето кои што го водат ВМРО-ДПМНЕ кои што го водат ВМРО-ДПМНЕ Карпош и секако со граѓаните на Карпош за актуелните случувања и во пресрет на локалните избори, но се надевам и во пресрет на предвремени парламентарни избори.

Во однос на Карпош постои еден целосен застој и не реализација на главните ветувања на актуелното раководство на општината од страна на СДСМ.

СДСМ тука ја има и локалната и централната власт, но скоро ништо и да не испорача. Големи ветувања имаше пред четири години Стефан Богоев кој што е сега градоначалник, но од тоа не реализира ништо.

Она што би можел да го нагласам како клучни ветувања а не се реализирани е изградбата на три базени од кои што немаме ни Б од базен, а камо ли да имаме три, понатаму ветувањето за градинка во Влае кое што не се реализира, имавме ветување за еден голем парк на реката Вардар кој што исто така не се реализира, како и ревизија на Деталните урбанистички планови кои не само што не се ревидирани, туку турбо се гради тука и се уништуваа и тоа малце зелена површина која што е останата во Карпош. Ова е причина плус да се случат промени на следните избори кои што доаѓаат во месец октомври и ноември. Ќе излеземе со исклучително квалитетно решение за градоначалник, се уште во моментот се прават испитувања на јавното мислење, така што оној или она кои што ќе се најдобри на тие испитувања помеѓу граѓаните ќе ја добијат довербата и од ВМРО-ДПМНЕ и ќе излеземе со многу квалитетна советничка листа која што ќе е поддршка на градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Многу работи можат да се направат во Карпош, стручен тим на експерти работи на моментов на програма која што треба да даде целосна нова визија за општините во следните 8 до 10 години, односно оваа трета декада на 21 век, Карпош да стане најмодерна општина во државата, секако е најурбана, но да стане и најмодерна општина во државата преку воведување на нови технологии, преку воведување на хајт тек технологии, секако преку заштита на животната средина и еден хуман простор за живеење.

Ако ми дозволите сакам и други две три теми да искоментирам кои што се актуелни во моментот во државата.

Прво пред два дена зборував и до сега никој не демантираше во однос на појавата на галопирачка инфлација во Македонија. Имено проекцијата на Народна банка за оваа година беше дека инфлацијата ќе се движи некаде еден и пол процент, односно да поедноставам за еден и пол процент ќе е поскап животот оваа година во споредба со претходната.

Народна банка излезе веќе со ревидирана проекција дека инфлацијата е два и пол проценти, а веќе во овој момент во петтиот месец од годината, значи не сме ни на пола година инфлацијата е три проценти со голема, голема можност да оди и многу нагоре некаде над 5 проценти, што значи едно сериозно поскапување на животот на граѓаните.

Пред се очекуваме големо поскапување на цените на нафтата и нафтените деривати, на електричната енергија за што ВМРО-ДПМНЕ веќе година дена предупредува и на прехранбените производи.

Прехранбените производи веќе имаат поскапување кое што е над овој просек од 3 проценти. Всушност секој граѓанин нека размисли, нека види што со 1.00 денари сега може да се купи во продавница или маркет, а што можеше да се купи пред една или пред две години.

Поскапуваат прехранбените производи, поскапува сончогледовото масло за јадење, поскапуваат хигиенските производи, така што едно целосно поскапување и една галопирачка инфлација која што доколку со паметни економски политики не се спречи може после и да не може да биде спречена. Очекувам надлежните институции пред се Народната банка и Министерството за финансии да излезат со мерки во однос на инфлацијата.

Следна работа која што сакам да ја искоментирам е во однос на европските интеграции, видовме дека Зоран Заев имаше еднонеделна турнеја низ Брисел, Мадрид и Атина но немаме никаков бенефит од таа турнеја, од причина што гледаме дека нема никакво поместување во однос на европските интеграции и она што и јас лично и ВМРО-ДПМНЕ го кажува подолг временски период, а тоа е дека и оваа 2021 година Македонија нема да добие датум за почеток на преговори и нема да почне преговори за членство со ЕУ, за жал ќе се реализира. Така што легитимно се поставува прашањето која е користа од ваквите посети.

Единствена корист која што можат да ја имаат граѓаните е подобрување на животниот стандард затоа што членството во ЕУ значи подобар животен стандард и владеење на правото. Прашањето кое што се поставува и на кое што не добиваме одговор е зошто во Македонија не доаѓаат проекти, зошто за Македонија нема грантови и нема големи инфраструктурни проекти како што е изградба на брзата железница и на автопатски решенија низ Македонија. Одговорот е едноставен, затоа што нема проекти, затоа што Зоран Заев оди со празни раце и не доставува проекти во однос на клучните инфраструктурни проекти во Македонија, што е причина плус да се случат предвремени парламентарни избори оваа есен.