Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ денеска на трибината со здравствените работници во Бутел во присуство на носителот на Изборната единица 2 Владо Мисајловски истакна дека најважните три работи во врска со изборите се дистанцата, дисциплина и дезинфекцијата.

-Тука спаѓаат и гестовите на бариера кои се носењето на маска, држењето на дистанца, дезинфекцијата и дисциплината. ДИК донесе одлука овие избори да бидат продолжени односно ќе траат три дена и тоа уште повеќе придонесува за да имаме безбедни избори и доколку се почитуваат мерките и препораките и гестовите на бариера безбедноста ќе биде на задоволително ниво, вели Николов.