НИКОЛОВ ЗА СПРЕМНОСТА НА ФИЛИПЧЕ: Си заборавил дека кажа дека првите сомнителни случаи ќе ги тестираме во Ниш зашто немаме тестови?

/ 29.04.2020

Игор НИКОЛОВ

На изрежираните и однапред подготвени прашања, за Венко Филипче кој е во изолација (домашен одмор) по една средба во Куманово со градоначаникот Димитриевски кој најверојатно е негативен на Корона, тој во стилот на досегашната режирана пропаганда си продолжува да манипулира.

Системот на време реагирал во врска со Корона и сме биле подготвени кога дошла епидемијата во земјава?

Зарем го заборавил Филипче својот прв прес по повод Корона и првиот случај на инфициран пациент во земјава, кога тој ги информираше граѓаните дека сомнителните случаи ќе се тестираат во Ниш? Заради тоа што кај нас нема тестови.

Зарем заборавил Филипче, дека во почетокот најави дека Клиничката болница Штип ќе се користи за ковид карантин центар? Потоа најави дека Охридската болница ќе биде ковид регионален центар? Потоа најави дека Гостиварската болница ќе биде регионален карантин ковид центар?

Зарем заборавил Филипче, дека со народни пари плати физибилити студија која ќе испита дали треба да се приватизира болницата ГОБ 8ми Септември, денешниот главен стожер во борбата против корона епидемијата!

Зарем заборавил Филипче, дека со народни пари плати физибилити студија за тоа дали да се приватизира Брза Помош?

Зарем забоарви, дека приоритет за целиот мандат му беше како да се централизираат биохемиските лаборатории и како тоа да го изведе со фирмата на Жути и пријателите? Дека приоритет беа компаниите кои градат хациенди во Нерзи?

Зарем заборави, дека целиот мандат му помина со мислата како да ги зајакне некои од приватните болници, кои наводно ќе помагаат и ќе бидат комплементарни со јавното здравство?

Доколку приватните болници се комплементарни со јавното здравство, зошто ниту една од нив сега не се вклучи да помогне со модерни системи “C pap” неинвазивни вентилатори за третман на пациентите кои што им е потребна интензивираната кислородна поддршка.

Зарем заборавил, дека имаме најголем процент на инфициран здравствен персонал во регионот?

Зарем вака бевме спремни министре? Па за на есен ќе бидеме поспремни?

Земјите кои што беа спремни од соседството, како Словенија на пример, сега излегуваат од драконските и ригорозни мерки на изолација.

Ја заживуваат економијата. Тие иако први соседи на Италија, го регулираа и го избегнаа влијанието на нивната дијаспора во ширењето на болеста.

Спремни се тие земји кои што екстубираат пациенти од респиратор Министре!!!

Спремни беа лекарите и здравствените работници да се борат со вирусот, но не можеа да веруваат дека Министерството за здравство ќе ги остави на цедило и сами да си набавуваат соодветни маски и опрема за да му се спротивставуваат на вирусот.

Ете толку бевте спремни министре…


Од истата категорија