Во 13 часот денеска српската влада треба да ја донесе одлуката за тргање на забраната за извоз на пченица во земјава.

Како што соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на брифинг со новинарите, тој веќе контактирал со надлежните од Србија. Веднаш  штом биде крената „рампата“, увозот може да почне.

– Српските комори велат дека станува збор за 100 илјади тони пченица наменети за нашите компании, а ние имавме пуштено барање за 50 илјади тони, информира министерот Николовски.