Во Македонија се шпекулира дека ВИП-вакцинација преку ред обезбедиле министерката за образование Мила Царовска, министерот за правда Бојан Маричиќ и вице-премиерот Артан Груби., објави Њуз1 од Албанија.

Трката со вакцини стана корист за политичарите, Набавката на вакцини предизвика сериозни проблеми во голем број развиени земји, но и огромни скандали со т.н. ВИП-Вакцинација.

Го пренесуваме текстот од овој албански медиум:

Не само што до вакцини обичниот граѓанин доаѓа многу тешко, туку и ограничените количини кои започнуваат да доаѓаат во многу држави првично се злоупотребени од политичари, наместо да се вакцинира населението кое е приоритетно за заштита според препораките на СЗО. Насекаде низ светот се јавуваат бројни скандали со политичка злоупотреба на редот за вакцинирање, граѓаните протестираат, а паѓаат и оставки. Двајца министри во Перу и еден министер во Аргентина се обвинети дека дозволија трговија со вакцината. Еден министер во Еквадор во моментов е под истрага за истото обвинение. Перуанската министерка за надворешни работи Елизабет Астете поднесе оставка откако се откри дека владините претставници биле вакцинирани пред пошироката јавност. Во соопштението се вели дека таа е вакцинирана на 22 јануари и дека програмата за вакцинација за здравствените работници почна да се спроведува од 8 февруари. Обвинителите во овие земји, како и во Бразил, истражуваат илјадници други случаи за неправилности во процесот, во повеќето од нив се вклучени локални политичари.

„Сите знаеја дека има пациенти кои умираат“, рече 67-годишниот Роберт Кампос, лекар во Лима. „И сите ги вакцинираа своите пријатели, додаде тој. Овој скандал е сличен со скандалите кои се случија во Либан, Шпанија, Филипини и САД, каде дури и веќе е почната масовната вакциниција. Во Латинска Америка, дрската природа на овие случаи предизвика голем бес. Илјадници луѓе протестираа низ градовите во Аргентина за скандалот со „ВИП вакцинацијата“ што го принуди министерот за здравство да си даде оставка. Гинис Гонзалес Гарсија поднесе оставка пред една недела на барање на претседателот, откако откри дека неговите пријатели биле вакцинирани на црно. Во Перу, заменик-министерот за здравство доби дополнителни дози што останаа од клиничките испитувања и си ги вакцинира сопругата, сестрата, двете деца, внукот и внуката. Министерот за здравство на Еквадор ги подели дозите од првата пратка во луксузен приватен дом за стари лица каде што е сместена и неговата мајка. Еден ваков скандал околу вакцинацијата избувна и во Австрија. Случајот ќе го преземе обвинителството. Наместо постарите лица, има сомнежи дека се вакцинирани донаторите, па дури и локалните политичари. Сличен скандал имаше и во Италија, откако оставка поднесе и градоначалникот на сицилијанското гратче Корлеоне, Николо Николоци затоа што примил вакцина против преку ред.

Слични гласини за ВИП-Вакцинација има и на Балканот, а последните денови такви информации доаѓаат и од Македонија, која е негативен лидер на црните ковид-статистички листи на светско ниво, според бројот на заразени и починати. Земјата истовремено ја тресе скандал и за сомнителни обиди за набавка на вакцини преку посредници за дупло повисока цена. Во оваа земја се шпекулира дека ВИП-вакцинација преку ред обезбедиле министерката за образование Мила Царовска, министерот за правда Бојан Маричиќ и вице-премиерот Артан Груби. Македонија е земја во која и покрај бројните ветувања дека вакцинацијата ќе почне во јануари, февруари и март, владата и министерството за здравство се уште имаат набавено само 3000 вакцини од Русија, а претходно добија донација од 8 илјади вакцини од Србија, со што е меѓу последните земји во Европа според бројот на вакцинирани лица, а денес излезе и информацијата дека и тие малку вакцини се потрошени и не се знае кога ќе дојдат следните, објави Њуз1.