Најостро демантираме, не постои никакво вакцинирање на министри. Ги повикуваме пратеникот и порталите кои ја шират оваа тешка дезинформација да се откажат од манипулациите со населението во овие моменти на тешка здравствена состојба во државата, објави на официјалниот Твитер профил портпаролот на Владата.

– Ова е лажна вест, објави на Твитер Портпаролот на Владата, споделувајќи фотографија од објава на Антонио Милошовски на Фејсбук дека министрите Царовска, Груби и Маричиќ преку ред добиле ВИП вакцинација.

Милошоски повикувајќи се на медиуми во Албанија на својот Фејсбук профил објави дека тројцата министри преку ред се вакцинирале, а дел од порталите претходно повикувајќи се „Њус 1“ од Албанија објавија дека дел од македонските министри веќе се вакцинирале.