Норвешка испрати 100 ракетни системи Мистрал во Украина како одговор на барањето на Киев за различно оружје, соопшти Министерство за одбрана во Осло.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно побара од Осло да испрати оружје во неговата земја, вклучувајќи противбродски ракети Харпун и мобилни противвоздушни ракетни системи НАСАМС.