Прославениот португалски фудбалски тренер Жозе Мурињо стана експерт во студиото на „Скај Спорт“, објави официјалната веб-страница на каналот.
Првиот натпревар на кој ќе работи Мурињо ќе биде дуелот на неговите два поранешни клуба – Манчестер јунајтед и Челзи, што ќе се одржи на 11 август.
Мурињо се приклучи на експертскиот тим во кој се наоѓаат поранешни фудбалери од голем англиски клубови: Гери Невил, Џејми Карагер, Џејми Реднап и Греам Соунс.
Последната работа на Мурињо како тренер беше во Манчестер унајтед, од каде беше отпуштен во декември 2018 година.
„Специјалниот“ беше телевизиски експерт за руската телевизија РТ за време на СП 2018 година.