На првиот натпревар од сезоната 2019/20 во Англиското фудбалско првенство, Ливерпул синоќа на домашен терен го совлада Норвич со 4:1.

Победникот беше решен уште во првото полувреме во кое Ливерпул ги постигна сите четири гола. Стрелци беа: Грент Хенли (автогол), Мохамед Салах, Вирџил ван Дајк и Дивок Ориги.

За гостите погоди Тиму Пуки во 64. минута.

Мечот го одбележа и тешката повреда на голманот Ливерпул, Алисон. Бразилецот предвреме го напушти теренот во 39. Минута поради болка во задната ложа на мускулот на ногата.

Другите девет натпревари од првото премиерлигашко коло на распоредот се овој викенд.