Кога власта престанува  да има аргументи, и е фатена во криминал продолжува со притисоци и закани, заплашување и прогон. Кога има недостаток на кредибилитет сака да го изгради со сила, кога губи и уште само 16 дена е премиер и никогаш повеќе, Зоран Заев се заканува со неговото судство, со тужби и притисоци кон опозицијата, порача денес Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој денес ја информираше јавноста дека премиерот Зоран Заев поднесе тужба за клевета против него за политичка изјава во која што кажува дека се изрекетирани преку 20 милиони евра и дека тој е на врвот на пирамидата.

Изјавата поради која што Заев го тужи Николоски е:

„Некаде пред две недели споменав дека вкупната сума на побарани изрекетирани средства надминува 20 милиони евра. Досега никој ова не го демантираше што значи дека е рекетиран повеќе од еден бизнисмен, рекетирани се многу бизнисмени и побарани се многу пари. Тоа е операција која не можат да ја завршат еден или двајца луѓе. Тоа е операција која е добро осмислена од врвот на СДСМ, координирана  лично од Зоран Заев и понатака управувана од целата држава затоа што е потребна и кривична и политичка одговорност“.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ со ова тврди дека не е еден, туку повеќе се бизнисмени.

-Се случи и аферата „Вирус“, се случи и аферата во која што бизнисмен обвинува дека тандемот Вице и Зоран Заев го притискале за да му земат земјиште. И се случуваат афери секој ден, што само потврдува дека се многу пари и дека се многу бизнисмени. Трето, никој во оваа држава не верува дека е можен милионски рекет без знаење на врвот на власта. Па дали верувате дека било кој на Боки 13 денар би му дал, евро би му дал, доколку самиот врв на власта не стои на пирамидата. Всушност и самиот тој кажал дека бил предупреден од страна на врвот на власта дека случајот е пријавен во обвинителството што само говори за тесната врска помеѓу нив. Четврто, она што Заев преку неговиот адвокат не го пишува во тужбата, е вториот дел од мојата изјава. Која што е оптужена, во која што велам дека кривична одговорност не може да остане само на овие тројца кои што сега се опфатени, туку треба да се прошири на многу повеќе. Ова е дел кој што не сакаат да го цитираат затоа што не им одговара. Четири месеци подоцна никој не е чепнат од врвот на СДСМ и дополнително половина раководство на партијата која што се споменуваше гледаме дека останува нечепнато. Што само зборува за каква спрега помеѓу власта и обвинителството стои. Ќе кажам збор два и за самата суштина на тужбата. Оваа тужба не е за докажување на вистината. Оваа тужба не е за да се докаже вистината. Туку е за прогон врз главната опозициска политичка партија и врвно и лично. Но и за нешто што народот го нарекува ишкање на мувата од капата. На Заев тие околу него му велат – „Уживај шефе, ќе го тужиме и преку нашите инсталации во судството ќе го добиеме. И на тој начин ти ќе докажеш дека немаш ништо со Рекет“. Тоа е целта на оваа тужба, но тоа е можно само во бајките, а не во реалниот живот. Затоа што во реалноста прават од грешка на грешка и одат од грешка во грешка. Па така ќе видите во документите кои што ви ги доставив самиот негов адвокат навел во тужбата дека се сомнева за одредени идни постапки по однос на премиерот Зоран Заев затоа што вели цитирам дека сум ја нарушил презумцијата на невиност на Зоран Заев. Па ако на ниеден начин не е вмешан и ако нема на ниеден начин истрага или одговорност за него, што ќе му е презумција на невиност. И последно, ќе потсетам дека оваа тужба доаѓа од премиер и политичка партија која нарачува тепање на граѓани, ослободува убијци на деца, врши брутален прогон врз опозицијата. И кога не го прави сето ова погодува напред пред судот за да докажува дека ете наводно не е крив он. Очигледно наместо флоксули за ЕУ на Заев повеќе му се допаѓа друштвото Свазиленд и Либија, каде ја сврстува Економист по невработеноста на младите. А, убеден сум дека состојбите во судството и слободата во делувањето нема да сме нешто подобри. На крај да повлечам уште еднаш тужбата на Зоран Заев не е за докажување на вистината туку за дефокусирање на вистинското прашање во овој случај, а тоа е каде завршија парите на „Рекет“. Ќе одиме на суд со задоволство секој со својата страна, кажав Заев со најскапиот адвокат, а јас сам и ќе ја докажуваме вистината, порача Николоски.