Вечерва уште еден земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Македонија.

Епицентарот е во мавровскиот регион, а потресот е почуствуван и во повеќе населени места во западните делови на Македонија. Нема информации за евентуални штети, освен вознемиреност кај населението од потресот.

Овој земјотрес е уште ден од серијата потреси кои се случија во изминативе два дена.

Најсилниот беше од 4,6 степени според Рихтеровата скала.