Исказот на Зоки Кичеец се нуди на продажба, објавува Сител. Според прилогот на телевизијата, непознат маж на возраст од 50-тина години го понудил сведочењето на Милевски на еден од адвокатите кои ги застапуваат останатите осомничени во „Рекет“. Според информации на Сител, го контактирал преку мобилен телефон за да го понуди доверливиот документ, а за услугата побарал пари.

Случајот бил пријавен кај обвинителката Вилма Русковска која побарала проверка на безбедносните камери од просториите каде се чуваат исказите на осомничените.. Се бараат и сопствениците на телефонски броеви кои ги контактирале адвокатите.

„Пријавен е случајот и за него веќе постапува надлежен обвинител. Пријавата е поднесена од лице од одбраната во „Рекет“, велат од обвинителството за гонење криминал и корупција..

Зоран Милевски и Бојан Јовановски се првите осомничени за Рекет кои завршија зад решетки. Од неодамна, Зоки Кичеец е во домашен притвор а тоа денеска го побара и Боки 13.