Твитер почна да тестира опција за отстранување на „здодевните луѓе“ на социјалната мрежа, но притоа, тоа да не влијае на стекнувањето нови следачи.
Засега тоа функционира само на уредите со ИОС оперативен систем и на корисникот му овозможува набрзина да прегледува други профили без „напуштање” на тајмлајнот.
Кога ќе се внесе некое корисничко име, се појавува листа со основни информации за тој профил, како и две опции со кои може или да се следи или да „се стивне” тој следач, а потоа повторно ќе можете да се вратите на својот тајмлајн или да го погледнете профилот на тоа лице.
Извршниот директор на Твитер, Џек Дорси смета дека тоа на корисниците ќе им ја олесни проценката каков е човекот што се крие зад новиот профил. Сѐ ова може да придонесе за поголема заштита од малтретирање и злоставување на интернет, смета тој.