Македонскиот бенд „Некс тајм“ по успехот што го постигна со обработката на „Слушам кај шумат шумите“, најавува промоција на ново видео за обработката на познатата македонска песна „Прошета се Јовка Кумановка“.

– Со гордост ви го најавуваме нашето најново видео за песната „Прошета се Јовка Кумановка“. Промоцијата ќе се одржи на 11-ти Октомври во НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Горди сме што со оваа обработка заедно ќе заокружиме 500 години Куманово и веруваме дека Македонија повторно ќе ужива во уште една наша обработка.
Очекувајте не!-порачува бендот на Фејсбук.