Со голови на Фил Фоден и Ерлинг Халанд на почетокот од мечот, Манчестер Сити со 2-0 го победи Нотингем форест.

Фил Фоден погоди во седмата минута, а само седум минути подоцна реализираше и Халанд за 2-0, што се покажа и како конечен резултат.

На стартот од второто полувреме Родри доби директен црвен картон поради давење на противнички играч.

Во другите два меча кои се играа во ист теремин денеска немаше победник, Лутон и Вулвс одиграа 1-1, а мрежите мируваа на мечот меѓу Кристал Палас и Фулам.