По повод Денот на државноста кој Саудиска Арабија го одбележува денеска, фудбалскиот клуб Ал Наср објави видеоснимка на која играчите, предводени од главната ѕвезда Кристијано Роналдо, танцуваат во традиционална облека.

На видеото во траење од две минути кое саудискиот клуб го објави на социјалните мрежи, Роналдо, Сенегалецот Садио Мане и нивните соиграчи изведуваат традиционални арапски танци, облечени во саудиска облека и со мечеви во рацете.

Саудиска Арабија денеска го одбележува Денот на државноста со бројни манифестации, вклучувајќи и воени паради и изложби на оружје во поголемите градови.