Претседателот на бугарското ВМРО и поранешен вицепремиер и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов по втор пат станал дедо, а внукот ќе го крстеле Гоце Делчев.

– Дури и на скопските манипулатори веќе треба да им биде јасно чиј е Гоце Делчев!, пишува на официјалната страница на партијата на Каракачанов.

Во соопштението се додава дека внукот е од неговата ќерка Деница и неговиот зет Никола, а неговото име – историско.

Каракачанов во веста што ја објави на својот профил на Фејсбук, упати и благослов до внукот:

-Му посакувам на малиот Џорџ здравје, сила и храброст!- напиша бившиот бугарски вицепремиер.

Каракачанов е познат по провокациите кон Македонците и Македонија. За време на неговиот министерски мандат во повеќе наврати беше во посети во Република Македонија.