Киану Ривс оваа недела ги разочара своите обожувателки, кога на црвениот тепих се појави со својата партнерка, 46- годишната Александра Грант.

Неговиот избор на девојка, од друга страна, импресионираше илјадници луѓе ширум светот затоа што неговите колеги од Холивуд на негова возраст редовно имаат значително помлади девојки. Сивата коса и едноставниот фустан на Александра Грант многумина ги потсети на познатата актерка Хелен Мирен, а некои мислеа дека таа е всушност новата девојка на обожуваниот актер.

„Бидејќи таа е прекрасна жена, секако дека сум поласкана што ме заменија со неа“, изјави Хелен, која наполни 74 години во јули.

„Киану е прекрасна личност. Тој снимаше филм со мојот сопруг и можам да кажам дека Александра е вистински среќна жена ,а исто и тој затоа што ја улови неа”, коментира Мирен за новата љубов во Холивуд.