Нејзиното име е Бхаша Мукхерје, родена е во Индија, а кога имала девет години, нејзините се преселиле во Британија. Има 23 години, две дипломи по медицина и зборува пет јазици.

Со коефициент на интелигенција 146 и официјално е категоризирана како „гение на Англија“.

Неколку часа по крунисувањето за најубава жена на Англија, била примена и како помлад лекар во Линколншир.

По победата на Инстаграм напишала дека се уште се навикнува на фактот да биде прва Индијка избрана за мис на Англија и дека е пресреќна што ќе учествува на натпреварот за избор на мис на светот.