Утрово воведена е забрана движење на тешки товарни возила на патен правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража. Како што информираат од АМСМ, забраната е воведена од 08:30 часот.

Времето денеска ќе биде облачно, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег. Ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови.

Во некои од пониските места врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот ќе преминуваат во дожд. Локално претпладне ќе има услови за замрзнат дожд. Во западните делови ќе наврнат над 25 литри на квадратен метар воден талог.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, најизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 3, а максималната од 3 до 10 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде облачно, во утринските часови со услови за слаб снег, а во текот на денот со врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), слаби врнежи ќе има и утре, а во четврток и петок ќе има појава на магла по одделни котлини. Дневната температура ќе биде во пораст.