Легендата Дирк Новицки продолжува да урива рекорди во својата 21 сезона како дел од НБА. За време на поразот на неговиот Далас Маверикс како гостин на Вашингтон Визардс со 123:132, германската суперѕвезда го запиша својот натпревар бр.1504.

На овој начин тој се израмни на третото место на вечната листа по натпревари во регуларната сезона со Џон Стоктон. Пред него се само Роберт Периш со 1.611 и Карим Абдул-Џабар со 1.560.

Новицки постигна 2 поени и 2 скока за 12 минути на паркетот, а над сите за Далас уште еднаш беше Лука Дончиќ со 31 поени и 11 скока. Маверикс, сепак, се чини дека се далеку од плејофот.

Сето тоа беше во истата вечер кога Леброн Џејмс го надмина Мајкл Џордан како број 4 на вечната листа на стрелци.