Новиот крал на Велика Британија Чарлс Трети, во далечната 1998 година, како Принц од Велс, првпат престојувал во дводневна официјална посета на Македонија при што ги посетил Скопје и Охрид.

Неговата посетата се случи само недела дена по вториот круг од третите парламентарни избори во Македонија кога власта од СДСМ ја презеде коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Демократска Алтернатива, пишува весникот Слободен печат.

Кралот Чарлс III на 8. ноември 1998 се сретна со тогашниот македонски претседател Киро Глигоров и со министерот за одбрана Благој Ханџиски.

Во Охрид тој се сликаше и со млади играорци кои на кралот Чарлс III му го претставија македонскиот фолклор, а уживаше и во звуците на гајдите кои пак се традиционални во Шкотска, земја дел од Обединетото Кралство.

Кралот Чарлс Трети во овој период во рамките на својата турнеја на Балканот посети четири земји –  Словенија, Романија, Бугарија и Македонија, а во Скопје допатува од Софија кадешто престојуваше од 6 до 8 ноември 1998 година.

Целата статија во Слободен печат