Новиот стриминг сервис Епл ТВ плус ќе биде пуштен во употреба за само неколку месеци, а како стојат работите, тоа може сериозно да го разниша монополот на Нетфликс.
Содржината е клучна, па за таа цел, Епл ангажираше некои од најголемите холивудски ѕвезди – глумци, режисери и други профили од областа на забавата. Следи дел од новата понуда филмови и серии којашто доаѓа оваа есен…
„The Morning Show“ – ТВ сапуница за работата и личниот живот на неколкумина водители на утринска програма, со Џенифер Анистон, Риз Витерспун и Стив Карел во главните улоги.
„See“ – Научно-фантастична апокалиптична серија со Џејсон Момоа и Алфре Вудард.
„Little America“ – Приказна за странците кои се обидуваат да го живеат својот американски сон.
„Truth Be Told“ – Крими-трилер со Октавија Спенсер, Лизи Каплан и Арон Пол.
„Servant“ – Психолошка трилер-серија на режисерот продуцент М. Најт Шајамалан.
„Hala“ – Филм за тинејџерите муслимани во САД, на режисерката Минхал Баиг.
А, тука е и документарната серија на Опра Винфри и принцот Хари за психичкото здравје, која ќе се занимава со секојдневните проблеми на обичните луѓе.