Над 4 милиони денари ќе се задолжи Јавното претпријатие за државни патишта во следниот период, а средствата “ ќе се користат за експропријација на земјиште за изградба на автопатот кон Охрид, дознава порталот Фактор.
Владата на 1 декември донесе одлука со која се дава согласност „за задолжување заради издавање на банкарска гаранција за потребите на постапката за експропријација за изградба на Автопат А2, делница Кичево-Охрид донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за државни патишта на седницата одржана на 28 ноември 2022 година“.
Од ЈП Државни патишта за Фактор велат дека банкарската гаранција ќе биде издадена на вредност од 4.138.922 денари, или околу 67.000 евра.
Автопатот Кичево Охрид, во должина од 57 километри, според првичните проценцки требаше да чини 374 милиони евра, но цената по многубројните дополнителни анекси достигна речиси 600 милиони евра.
Оваа делница, согласно последните најави на државните институции треба да биде компалетирана следната година, владини претпставници дури најавуваат пенали доколку рокот повторно се пробие.
Целата статија во Фактор.