За објавата на Фејсбук по изборот на Ислам Абази за шеф на ОЈО ГОКК, заменик министерот за правда Агим Нухиу, вели дека, објавил, но не честитка за изборот на личноста кандидат, туку за нивните правила, кои според него се еден показател дека се демократизира процесот на изборот на шефот на Јавното обвинителство.

Нухиу, денеска на брифинг со медиумите, појасни дека тоа што 160 јавни обвинители учествувале на директни избори и тој победил, значи директна демократија.

– Не ја честитав победата на Абази, туку спроведувањето на стандардите од законот, кој беше дел од реформите. Среќен сум што е направен исчекор напред во однос на демократизација на процесот на избор на шеф на ОЈО ГОКК, изјави Нухиу.