Џејмс О` Брајан, помошник на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашање го честиташе изборот на првата жена претседател на Македонија Гордана Силјановска- Давкова, во соопштение на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер).
-Честитки до Гордана Силјановска-Давкова, досега првата избрана жена за претседател на С. Македонија. Како сојузници, партнери и пријатели со С. Македонија со нетрпение очекуваме да работиме на значајни реформи и заеднички цели на патот кон евроатлантската интеграција, напиша О` Брајан.
Силјановска-Давкова победи во вториот круг на претседателските избори што се одржаа на 8 мај. Истовремено, на парламентарните избори партијата ВМРО-ДПМНЕ освои 58 места во 120-члениот парламент
Победата претходно ја честиташе и американската амбасадорка во Скопје Анџела Агелер.
Фото: МИА