Вчера попладне после 17 часот, извршен е обид за атентат врз главниот албанскио бвинител Аријан Ндој.

Според првичните информации на полицијата, три лица се повредени, едно посериозно и е однесено во болница, додека обвинителот Ндој бил однесен во болницата во Драч и е надвор од животна опасност.

Едно од повредените лица е возач на обвинителот, а за другото е известено дека неговото име е Мухареми.

Атентатот доаѓа само неколку дена по расплетот на аферата „Лазас“ во Албанија во која се вклучени и македонски функционери (видео под линкот од текстот за аферата Лазас).