АЛБАНСКО ОБВИНИТЕЛСТВО: Функционери од Македонија со пари стекнати од корупција купувале имот во Албанија

/ 27.10.2019

Извори од албанското обвинителството известиле дека во тековната афера со отуѓување на имот во соседната земја, вклучени се и функционери од Македонија, кои со финансиските средства кои ги стекнале со корупција купиле недвижен имот на албанскиот брег.

Судот во Драч денеска ја преиспитуваше одлуката, при што за дел од приведените и ја потврди одлуката од пред два дена за определување на притвор за 20 лица вклучени во скандалот за отуѓување на земјиштето во областа на заливот Лалез во соседна Албанија, пренесува Тетова Сот.

Меѓу приведените се поранешениот директор на катастар и поранешниот градоначалник на општина Ишми.

Поранешни службеници во Катастарот во Драч и други лица беа вклучени во отуѓување на голема површина на земјиште во заливот Лалез.

Рочиштето за преиспитување на нивните мерки на претпазливост се одржа под бројни полициски сили.

Нивниот притвор дојде по повеќемесечна истрага за десетици просторни телефонски прислушувања, снимање и следења на лица вклучени во оваа криминална активност.

Против сите процесуирани лица, покрај истрагите за криминалните активности, започнати се и имотни истраги за имотите и банкарски сметки што можат да ги имаат на располагање тие, нивни роднини или пријатели.

 


Од истата категорија