Американскиот претседател Доналд Трамп го повикал својот украински колега Володомир Зеленски да контактира со јавниот оибвинител Вилијам Бар за отворање на потенцијална истрага за корупција за поранешниот потпретседател на САД Џо Бајден.

Тоа се гледа од декласифицираниот транскрипт на телефонскиот разговор помеѓу Трамп и Зелески во јули кој денеска го објави Белата куќа. Тој разговор е во центарот на обвинувањата дека претседателот на САД наводно извршил притисок врз странски лидер со цел да го компромитира својот политички ривал. Транскриптот меѓутоа покажува дека тоа не точно, а обвинувањата се повеќе во стилот „сечени, лепени, монтитрани“

За време на разговорот, Трамп му рекол на Зеленски дека треба да контактира со Бар и неговиот личен адвокат Руди Џулијани, се гледа од транскриптот кој пред неколку минути го објави Белата куќа.

– Има многу нешта да се кажат за синот на Бајден… дека Бајден барал прекин на истрага против него, а многу луѓе сакаат да знаат за тоа, вели Трамп во интервјуто со Зеленски.

– Значи, што и да направиш со јавниот обвинител, ќе биде одлично, рекол американскиот лидер во објевениот транскрипт од разговорот.

Претставничкиот дом на САД вчера покрена формална истрага за тоа дали треба да се отповика претседателот Доналд Трамп поради барање странска помош за да му наштети на неговиот политички ривал Џо Бајден.

Тие го обвинуваат Трамп дека разговарал со Зеленски кон средината на летото, барајќи од него компромитирачки информации за Хантер Бајден, син на Џо Бајден, еден од кандидатите на демократите за изборите во 2020 година. Американските медиуми посочуваат дека Трамп му рекол на шефот на кабинетот да ја задржи воената помош за Украина во вредност од 400 милиони долари непосредно пред разговорот со Зеленски, иако Конгресот веќе одобрил тие средства да бидат доделени на Киев.