Ниту еден универзитет од Македонија не се најде на мапата 1.250 најдобри во светот, покажа најновата ранг листа објавена од  „Times Higher Education”, британскиот весник специјализиран за високо образование.

Од европските држави Германија има 44 врвни универзитети, Велика Британија 58, Франција 21. Од регионот, најдобро стои Грција, која има 8 на листата 1.250, потоа Хрватска и Словенија по два, Србија и Бугарија по еден. Македонија, Црна Гора, Албанија, БиХ ги нема на листата на 1.250 најдобри високообразовни установи.

На картата на првите 500 најдобри универзитет, изработена од чешкиот лингвист, математичар и уметник Јакуб Маријан, кој го користеше рангирањето на „Times Higher Education“  не се најде ниту една држава од регионот.

Погледнете на картата каде се најдобрите во Европа: