Заради извршување на градежни активности, од утре времено ќе биде изменет режимот на сообраќај на автопат А1, делница Петровец – Катланово.
-Измената на режим на сообраќај ќе започне да се применува од петок, 31.05.2024, а во врска со проектот за завршување на работите на рехабилитација со проширување на наведената делница од автопатот, соопштуваат од АМСМ.
Обновата на овој дел на автопатот е почната пред повеќе години и одамна требаше да биде завршена.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонскаavtopat страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 1 април, е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.