Хрватска е последниот полуфиналист на Светското фудбалско првенство во Русија, покрај Англија, Франција и Белгија.
Хрватската репрезентација вечерва извојува победа на пенали над домаќинот Русија – со три спрема два.
Вистинска експлозија на стадионот во Сочи се случи во 31 минута. Човекот кој на овој Мундијал се наметна како резерва за повредениот Џагоев, продолжи со одличните игри, Денес Черишев постигна маестрален погодок за водство на Русите.
Хрватска одговори многу брзо, само осум минути после постигнатиот гол. Напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ го пронајде Андреј Крамариќ кој го совлада Игор Акифеев за изедначување.
Хрватите и Русите игра на продолженија, па на пенали, а по ремито 1-1, во првото продолжение, Хрватска поведе 2 спрема еден, но во второто Русија израмни.
Во изведувањето на пенали поуспешни беа Хрватите. Кај Русите промашија, Смолов и Фернандес, додека кај Хрватите единствен кој промаши беше Матео Ковачиќ.
Последниот натпревар од четвртфиналето од трибините го следеа зеадно хрватската претседателка Колинда Грабар Китарович и премиерот на Русија Димитриј Медведев.
Следен противник на Хрватска е репрезентацијата на Англија, која вечерва ја совлада Шведска во четвртфиналето.