По подобро изведување на пенали, во неверојатна дрма на која присуствуваа и Дмитриј Медеведев и Колинда Грабар Китаровиќ, Хрватска ја победи Русија и заминува на натпревар од полуфиналето со Англија. Откако прво Русија промаши, Хрватска возврати во втората серија. И кога се чинеше дека среќата се врти кон домаќините, Фернандез го промаши целиот гол. Човекот кој во 116 минути со неверојатен гол и ги донесе пеналите на Русија сега практично ја елиминираше. Модриќ даде гол за инфаркт, откако топката шеташе од една на друга страна на голот и делови од секундата минуваа кога не се знаеше дали таа ќе излезе или ќе заврши во мрежата, а Ракитиќ и донесе 3:4 на Хрватска и натпревар со Англија.