Шефот на Набљудувачката мисија ОБСЕ/ОДИХР Корин Јонкер денеска на прес-конференција ќе информира за формалното почнување на нејзините активности за следење на претстојните претседателски избори во Република Македонија.

Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР ќе врши мониторинг на изборите на покана од Министерството за надворешни работи.

Мисијата на ОДИХР за набљудување на изборите и Мисијата на ОБСЕ во Скопје делуваат одделно и независно, согласно со своите мандати, наведуваат од Мисијата на ОДИХР.