Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер во март беше на балканска турнеја при што ги посети Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија и тогаш тој ја испрати драматичната порака – на Балканот може повторно да се војува доколку земјите не добијат надеж за приклучување на Унијата.

Колку ова и да звучеше драматично, тоа, сепак, не беше така фатено на радарите на францускиот претседател Емануел Макрон – веќе наредниот месец, во април, тој кажа дека нема да го поддржи Балканот без повеќе внатрешни реформи, и од таа позиција Франција не се помрднала.

Без разлика што сега се зборува дека Белгија посредувала за да се стигне до некаков компромис. Француската позиција не беше изместена ни за милиметар ниту во 2008 година на Самитот на НАТО во Букурешт, кога „за малку“ ќе добиевме членство, но силно ја поддржаа грќката позиција. Но, очигледно тој блок земји уште стои на исти позции во однос на македонските евроатлантски интергации.

Сепак, ако е тоа повеќе геополитика, во реал-политиккта пораката на Макрон е уште поболна за владата на Зоран Заев и неговите реформи спакувани во три брзини – 3-6-9.

Франција, заедно со Холандија до владите на ЕУ испратија про меморија во која се истакнува дека „Албанија и Македонија не се подготвени да почнат преговори за членство во ЕУ заради недоволни реформи во судството, широкораспространета коруција и организиран криминал“, потсетува Проектот за известување организиран криминал и корупција (ОЦЦРП).

Притоа се потестува дека во извештај на Транспаренси интернешенел Албанија и Македонија се наоѓаат на 91 односно 107 место според индексот на корупција. За споредба Франција и Холандија се меѓу првите 25 најмалку корумпирани земји.