Нашите три блузи кои не ги носиме, ако ги донираме ќе стоплат некого оваа зима, пишува Маја Славева за граѓанската иницијатива која е покрената за помош на тие што им е неопходна.

– Луѓе, ова сме јас и Sonja. Ова е наша граѓанска иницијатива за помош на загрозени фамилии. Помош во смисла на донации како облека, мебел, опрема, училишни прибори… Нашите три блузи коишто не ги носиме, ако ги донираме ќе стоплат некого оваа зима. Сите имаме по нешто, некој нема ништо. Би ве замолила сите пријатели да ја лајкнете страницата и да ни се придружите во активностите, без разлика од кој град сте. Сите донации има начин да бидат донесени во било кој град во Македонија. Морам да потенцирам дека ова не е партиско политичка активност. Ова е граѓанска иницијатива и може и треба секој да биде дел од неа! Пишете ни слободно доколку имате работи за донирање. Со Господ напред!- објави Славева на Фејсбук.