Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг може да го предводи Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), објави ТВ2.

Според ТВ каналот, назначувањето на Столтенберг на новата функција може да се случи по завршувањето на неговиот мандат на чело на Алијансата, т.е. до 1 октомври 2023 година

Претходно Столтенберг изјави дека се уште не размислува за продолжување на мандатот на чело на Алијансата.

Столтенберг, кој е генерален секретар на НАТО од 1 октомври 2014 година, е убеден дека членките на Алијансата ќе најдат достојна замена.

Претходно на самитот, лидерите на НАТО се согласија да го продолжат мандатот на Столтенберг до 30 септември 2023 година.