Русија издаде нуклеарно предупредување до НАТО поради руската енклава Калининград за да ги потсети „неодговорните“ во Европа на одредбите од нејзината сегашна нуклеарна политика, објавија британските медиуми, повикувајќи се на соопштение од Кремљ.
Во писмо Русија го предупреди НАТО дека Москва е подготвена да се послужи со своето нуклеарно оружје доколку западната алијанса се обиде да ја изолира енклавата во Балтичкото Море.
„Сосема е природно што нашите дипломати се обидуваат да ги потсетат неодговорните во Европа на нашите политички документи за ова прашање“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, како одговор на новинарско прашање.
Во писмото на Москва до НАТО се наведува дека Русија нема намера да ги нападне земјите од НАТО, но предупреди дека секоја агресија врз Калининград – силно вооружена руска територија помеѓу Полска и Литванија – ќе биде дочекана со најсилниот можен одговор.
Предупредувањето го нагласува наглото зголемување на тензиите меѓу Русија и европските земји, кои ја обвинуваат Москва за ескалација на „хибридната војна“ на континентот преку акции што вклучуваат саботажа и палење.
Фото: архива




