Раководството на Христијанско социјалистичката унија (ЦСУ) го прифати планот на нивниот министер за внатрешни работи; Хорст Зехофер, за одбивање на барателите на азил уште на границите на Германија. Планот воопшто не и се допаѓа на канцеларката Ангела Меркел, која денес му испрати јасно предупредување на министерот.

Меркел од Христијанско демократската унија (ЦДУ), инаку две сестрински партии, му порача на Зехофер дека прашањето значи „политика на надлежности“ и јасно повлече црвена линија за мастер планот на министерот.

Меркел сака прашањето да се разгледува кон крајот на месецов на европско ниво и во разговор со другите членки на ЕУ да се најде решение. Зехофер се согласува со процедурите, но сака да се подготви за планираното враќање на бегалци од германските граници на почетокот на јули.

Канцеларката не сака да се донесуваат унилатерални решенија, додека Зехофер е за цврста линија кон бегалците, па дури е согласен да се формира „оска на волјата“ заедно со Италија и Австрија, која би претставува цврст бедем за бегалците, но отворено кажал дека тоа не може самиот да го направи зашто некој тоа го „сфаќа како наци идеологија“.

Работите отишле толку далеку што на партиски состанок Зехофер на своите сопартијци им рекол дека „но може да работи со таа жена“, мислејќи на Меркел, речник што не е својствен за германски политичар. Но, се чини нетрпеливоста меѓу Зехофер и Меркел е на точка на вриење, а ниту односите меѓу ЦДУ и ЦСУ веќе подолго веме не се добри.

Како и да е овој внатрешен конфликт за прашање кое има кнтинетнална важност со внимание се следи од сите, особено откако почнаа да пукаат мигрантските бариери, а се појавија нови бегалски рути. Главна и најфрекфента е таа преку Албанија, Црна Гора и Босна, па преку Хрватска и Словенја до Австрија.

Грција веќе најави оти отвора уште четири бегалски кампови, а она што беше непотврдена информација сега веќе е објавена како официјален став – да земји од ЕУ преговараат со балскснки влади да отвораат бегалски кампови. Албанија веќе самата се прозва дека сака да отвори камп. Засега другите молчат.