По големите горештини, Швајцарија во последните неколку дена ја зафатија обилни врнежи од дожд кои предизвикаа поплави и одрони од кал, а во понеделникот падна и снег на Алпите.

„Температурата драстично се намали за четири дена. Во четвртокот термометарот покажа 31,2 степени Целзиусови. Во 11:15 часот беше 0,5 степени. Границата меѓу дождот и снегот е помеѓу 2.000 и 2.400 метри во остатокот од швајцарските Алпи“, објавено е на платформата X MеtеoSuisse.

Неколку премини, вклучително и Готард и Симплон, беа затворени во понеделникот поради обилните врнежи од дожд кои започнаа во петокот вечерта и предизвикаа неколку лизгања од кал. Железничкиот сообраќај на места беше во прекин поради одрони.

Рајна се излеа, но населените места не беа погодени.

Во Тичин веќе неколку дена врне силен дожд. Во некои населени места водата за пиење е загадена.

Врнежи се очекуваат и денеска. Снегот треба да продолжи да паѓа на планините, но тоа нема да биде доволно за да се спасат глечерите.

Швајцарските глечери изгубија 6 отсто од својот волумен помеѓу 2021 и 2022 година, во споредба со една третина помеѓу 2001 и 2022 година.