Централниот регистар (ЦР) во текот на денешниот ден донесе Решение со кое го одби барањето за усогласување од здружението „Цар Борис Трети“.

„Од здружението „Цар Борис III“ од Охрид не се доставени бараните документи дадени во Известувањето во законски предвидениот рок од 30 дена, во согласност со Законот за здруженија и фондации“, се вели во соопштението на ЦР.

За донесената одлука, Централниот регистар ќе го извести и Министерството за правда за натамошно постапување.