Со 41 глас за, 38 против и еден воздржан, Собранието го одби предлог законот за амнестија на осудените за „27 април“. Со тоа ова прашање нема ни да дојде на дневен ред.

Против гласаа пратениците од владеачката коалција, додека ЗА беа пратениците од опозицијата.

Следна шанса за уставобранителите кои лежа в затвор за измислен тероризам, е одлуката на Врховен суд на која се чека повеќе од два месеци.

Антонио Милошоски даде повеќе подробности за случувањето во Собранието. Ова е неговата изјава:

Колешката Дафина Стојаноска во името на пратеничката група ја образложи потребата од донесување на Законот за амнестија на лицата неправедно осудени за настаните од 27.04.2017, но, за жал пратениците на СДСМ/ДУИ/ЛДП со 58 гласа ПРОТИВ го одбија овој предлог!

ЗА донесување на овој Закон за исправање на оваа неправда гласаа 41 пратеник, а меѓу нив и пратениците Павле Трајанов (ДС) и Љупчо Балковски (ВМРО-НП).

Воздржано гласаше пратеникот Мирослав Јовановиќ од коалицијата на владејачкото мнозинство.