Одбојкарките на Работнички Скопје се новите македонски шампионки, откако во мајсторката од финалната серија синоќа ја совладаа екипата на Работнички Жени со 3-0.

Резултатот во победи е 3-2 за Работнички Скопје, иако Работнички Жени водеа со 2-0.

Претходно, Работнички Скопје го освои и трофејот во купот.