Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, рече дека неговиот колега од Манчестер сити, Џозеп Гвардиола, смета дека Премиер лигата е поважна од Лигата на шампионите.

Оваа сезона „граѓаните“ го освоија шампионатот во Англија, а „црвено“ се пласираа во финалето на елитната лига.

– Гвардиола од поодамна рече дека ја преферира Премиер лигата отколку Лигата на шампионите, бидејќи поминаа многу години откако играше во финалето. Тој е најдобар тренер на светот, и во целост ги заслужува комплиментите што ги добива.

Ливерпул на 1 јуни во Мадрид против Тотенхем ќе игра во финалето на Лигата на шампионите.