Кадетската машка ракометна репрезентација на Македонија е дел од третиот шешир за претстојното извлекување на групите за Светското првенство што ќе се одржи во нашата земја во период од 6 – 18 август 2019 година.

Извлекувањето на групите за СП 2019 е закажано на 29 мај во канцелариите на ИХФ во Базел.

Вкупно 24 репрезентации ќе учествуваат на СП 2019, а пред извлекувањето се поделени во шест шешири.

Шешир 1 – Шведска, Исланд, Данска, Хрватска

Шешир 2 – Шпанија, Германија, Франција, Бахреин

Шешир 3 – Македонија, Словенија, Унгарија, Србија

Шешир 4 – Египет, Јапонија, Норвешка, Тунис

Шешир 5 – Бразил, Аргентина, Чиле, Таjпеj

Шешир 6 – Нигерија, С.Арабија, Португалија, Канада

Македонската репрезентација е дел од третиот шешир на извлекувањето со привилегија да избере во која група да се натпреварува пред да бидат извлечени репрезентациите од шешир 2 и 1.