Согласно одредбите и насоките на Министерството за здравство јубилејниот концерт на Весна Гиновска Илкова закажан за 18 март годинава е одложен.

Организаторите соопштија дека тие ќе ги следат насоките на здравствените институции и дополнително ќе известат за нов термин на концертот.

– Сите што купиле билети за концертот можат да ги вратат во „Купи карти за се“ или да ги задржат и истите да важат за новиот датум, додаваат во соопштението.