Иако до финалето има уште три недели, Европската фудбалска куќа (УЕФА) направи грешка зашто на својот сајт, Ливерпул веќе беше прогласен за победник на Лигата на шампионите.

На банерот е поставена слика од грбот на Ливерпул, а долу е напишано дека тие се победници. Сликата можеше да се види во одделот „Историја“ на официјалниот сајт.

Ливерпул и Реал Мадрид играат во овогодинешното финале на Лигата на шампиони, а тоа треба да се случи на 26 мај во Киев.

Тоа ќе биде нивното второ меѓусебно финале, бидејќи во 1981. Ливерпул славеше со 1:0 во финалето на Купот на шампиони.

Овој гаф брзо е преправен и тргнат од сајтот.